Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
5
0.00
8.07
1.03/0.00
5.00
1.17
0.23
344.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 5
5 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 0.0
Best clustering variants
5 0.99/0.01 2 0.0
Gol

Долгоочекуваното српско дерби во европската елита започна со пет врзани поени на домаќините, но потоа следуваа седум на „црно-белите“ за 5-7. Сепак, во продолжение Црвена Звезда делуваше посигурна на паркетот и тоа ѝ донесе водство на првата мала пауза од два поени (21-19). „Црвено-белите“ во поголемиот дел од втората четвртина ја имаа предноста на своја страна, но како се ближеше полувремето, така Партизан го засилуваше своето темпо и на разочарување на домашните фанови на полувреме замина со водство од шест поени (39-45). По паузата и советите на тренерите во соблекувалната, Партизан, одново беше тимот кој што имаше контрола на паркетот.

Домаќинот во неколку наврати проба резултатски да се доближи и да најави неизвесна завршница, но четата на Обрадовиќ не го дозволи тоа и со уште подобра игра во последните десет минути се избори за заслужена победа од 77-89. Џонс со 21 поен беше лидер кај „црно-белите“, а за Црвена Звезда се истакна Петрушев со 20 поени. Gol