Ќе се зачудат читателите како јас некои луѓе, кои се антихерои, ги носам на пиедестал, како големи Македонци, а имам и некои „величини“ кои малку ги имам намалено… Во книгата ве чекаат многу изненадувања –пријатни и непријатни, ако не се расплачеш, не си човек, и ако не се намееш –пак не си човек… така ја пишував, со смеа и солзи – рече Ѕоф. Одамна имал желба да напише книга за Сирма Војвода, која ја смета за олицетворение на непокор, рамо до рамо со Роза Луксембург, Клара Цеткин, или Милунка Савиќ. Nezavisen