Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска го посети Лешочкиот манастир во Тетовско, во чиј комплекс се наоѓаат црквите „Св. Атанасиј“ и „Св. Богородица“, при што најави дека до крајот на оваа година ќе заврши конзервацијата, реставрацијата, санацијата и ревитализацијата на Стариот конак кој претставува интегрален дел од црквата „Св. Богородица“.
Како што соопштија од Министерството за култура и туризам, Љутков за време на работна посета на Лешочкиот манастир се сретна со митрополито тетовско-гостивараски г. Јосиф.
Во рамки на посетата, Љутков заедно со в.д. директорката на Националниот конзерваторски центар Цветанка Хаџипецова ги најавија завршните активности за конзервација, реставрација, санација и ревитализација на Стариот конак како и активностите за конзервација и раслојувањето на живописот на црквата „Св. Богородица“ со евидентирани фази од 14, 17 и 19 век, се вели во соопштението на Министерството. A1on
„Сакам да најавам дека оваа година конечно ќе заврши конзервацијата, реставрацијата, санацијата и ревитализацијата на Стариот конак кој претставува интегрален дел од манастирскиот комплекс.
За реализација на овој проект кој е од исклучително значење не само за МКТ туку и за Република Македонија обезбедивме 6 милиони денари и очекувам негово завршување до крајот на годината“, информираше Љутков. Skopjeinfo
До крајот на годината очекувам да бидат пошироко дефинирани површините со најстариот живопис и да се предложат натамошни мерки за конзерваторските зафати“, рече Љутков.
Благодарност до надлежните институции за преземените активности упати надлежниот митрополит на тетовско гостиварската епархија на МПЦ – ОА, г. Јосиф, кој информираше дека завршувањето на манастирскиот конак со капацитет од 50 легла, кој заедно со спомен собата на Кирил Пејчиновиќ и сите оние пропратни содржини што се внатре во самиот конак, ќе биде од особено значење за развој на манастирскиот туризам, велат од Министерството за култура. Netpress
Завршните активности за конзервација, реставрација, санација и ревитализација на Стариот конак како и активностите за конзервација и раслојувањето на фрескоживописот на црквата „Св. Богородица“ со евидентирани фази од 14, 17 и 19 век ги најави министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.
Во манастирскиот комплекс присутна беше и директорката на Националниот конзерваторски центар Цветанка Хаџипецова откриениот, која нагласи дека третиот, најстар слој фрески во црквата „Св. Богородица“ сведочи за повеќевековниот континуитет на опстојување на ова споменично добро во манстирскиот комплекс во Лешок. Kanal5
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков го посети Лешочкиот манастир каде во тек е реализацијата на проектот за конзервација, реставрација и ревитализација на стариот конак, кој е интегрален дел од манастирскиот комплекс. Kanal5
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков ја реализира својата работна посета на општината Струмица, при што најави важни капитални проекти што Министерството ќе ги реализира во следниот период.
Со 15 милиони денари ќе се реконструира и санира црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Струмица.
До 2 април трае акцијата на ЈП „Водовод и канализација“ за отплата на долгови без пресметана камата.
ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек.
Уставниот суд денеска ќе ја одржи 6.седница на чиј дневен ред се седум иницијативи за оценување на уставност и законитост.
Уставниот суд денеска ќе ја одржи 6. седница на чиј дневен ред се седум иницијативи за оценување на уставност и законитост.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше и се обрати на настан по повод 82 години од депортацијата на македонските Евреи, каде беше оддадена почит на една од најголемите трагедии во историјата на нашата земја.
Општина Штип и Еврејската заедница денеска им одадоа почит на 535 Евреи од Штип, кои беа убиени во логорот на смртта „Треблинка“.
Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија во рамки на одбележувањето 82 години сеќавање на холокаустот на македонските Евреи, денеска во Скопје, ја организираат централната комеморативна активност со оддавање почит пред Споменикот на 7.144 депортирани македонски Евреи во скопскиот Монопол.
Тие што сметаат дека никој не носи одговорност и дека не смее да се покрене интерпелација за избраните членови на Судски совет треба да разберат дека Македонија е парламентарна демократија, не е монархија“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на денешната пленарна седница во Собранието.
На вечерашното емитување во емисијата Тема на денот на Сител телевизија, гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски и го истакна својот став во однос на утрешните интерпелации, и поддржувајќи ги изјави дека дека функционери кои изгубиле доверба од органот што ги избрал, во овој случај Собранието, не треба да носат важни одлуки.