Пријавените И.Ј., Д.П., Ф.Б. и В.Т. , како што е наведено во соопштението, на истиот ден работно ангажирани на работни позиции во установата, не преземале дејствија за да го задржат осуденото лице Р.К. да го напушти затворот, кој пред нив се упатил кон вратата од пријавницата и избегал.
Пријавените затворски полицајци постапиле спротивно на процедурите, надлежностите и работните задачи и обврски за обезбедување, со што сториле кривично дело „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ по член 372 став 2 од КЗ, велат од МВР. Libertas
Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска поднесе кривична пријава до ОЈО за ГОКК против шест лица, сите припадници на затворската полиција, вработени во КПУ-КПД Идризово и тоа: И. И. (37), Ј. А. (36), И. Ј. (50), Д. П. (34), Ф. Б. (31) и В. Т. (36), за сторено кривично дело „Овозможување бегство на лице лишено од слобода“ предвидено и казниво по член 372 став 2 од КЗ. -Пријавените И. И. и Ј. А. во својство на службени лица-затворски полицајци вработени во КПУ-КПД Идризово на 1 февруари 2023 година, додека ги извршувале работните задачи во Отворено одделение, со давање лажни податоци/изјава спрема раководните затворски полицајци, им овозможиле на група осудени лица да бидат надвор од рамките на затворот, спротивно на судски пресуди според кои требало да издржуваат казна затвор во КПУ-КПД Идризово, на начин што при утврдување на бројната состојба на осудени лица во отворено одделение во КПУ-КПД Идризово имало седум отсутни лица од установата, додека И. И. и Ј. А. констатирале дека сите осудени лица биле присутни, за што усно ги известиле командирите , овозможувајќи им бегство на осудените лица: Ј. Р. , И. Ј. , Н. Б. , С. С. , Р. К. , И. Р. и Е. С. , соопшти МВР.
Пријавените И. Ј. , Д. П. , Ф. Б. и В. Т. , како што е наведено во соопштението, на истиот ден работно ангажирани на работни позиции во установата, не преземале дејствија за да го задржат осуденото лице Р. К. да го напушти затворот, кој пред нив се упатил кон вратата од пријавницата и избегал. Biznisvesti
Предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични дела, сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, започна предистражна постапка против шест затворски полицајци вработени во КПУ Идризово.
Лицата се осомничени дека сториле кривично дело Овозможување бегство на лице лишено од слобода по чл.372 ст.1 в.в со чл.22 од Кривичниот законик. Plusinfo