Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против јавен обвинител за кого постои основано сомнение за сторено продолжено кривично дело – Малтретирање во вршење на службата од член 143, како и за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик.
„Кривичната пријава против јавниот обвинител за малтретирање во вршење на службата беше поднесена до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија од страна на група вработени во Вишото јавно обвинителство Скопје, по што таа беше проследена на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Штип. Faktor
Во текот на истражните дејствија преземени од штипското обвинителство се добиени податоци и сознанија кои упатуваат на сомнение и за дејствија на злоупотреба на службената положба и овластување.
По приемот на известувањето за поведена истрага, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија донесе Одлука за оддалечување од функцијата за јавниот обвинител додека трае кривичната постапка поведена по поднесената пријава против него. Mk
И во двата случаи, како што стои во соопштението, станува збор за продолжени кривични дела, што значи дека осомничениот јавен обвинител во извесен временски период делата ги вршел во континуитет.
Од републичкото Јавно обвинителство, согласно праксата, не го објавуваат името на обвинителот, но повеќе од извесно е дека станува збор за шефот на Вишото јавно обвинителство Скопје, Мустафа Хајрулахи. 360stepeni
Шефот на скопското вишо јавно обвинителство Мустафа Хајрулахи е под истрага, по пријава на вработени на кои им е шеф, но и поради сомнеж за местење на предмети. Fokus
Јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје е отстранет од функцијата додека ОЈО Штип истражува предмет за малтретирање на работно место. Press24
По приемот на известувањето за поведена истрага, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија донел Одлука за оддалечување од функцијата за јавниот обвинител додека трае кривичната постапка поведена по поднесената пријава против него.
Инаку Хајрулахи е шеф на Вишото скопско обвинителство. Telma