По настанот на фудбалскиот натпревар со Брера каде навивачите на тетовскиот клуб наместо минута молк за жртвите од Кочани, пееја песни за УЧК, се огласи и фудбалскиот клуб Шкендија.
Поради нечовечкото однесување на пред натпреварот од 25. коло во ПМФЛ против струмичка Брера стигна реакција од Фудбалската федерација на Македонија.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отвора дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради нечовечкото однесување на навивачите и непочитувањето на минута молк во чест на жртвите од трагедијата во Кочани.