360stepeni
Третопријавениот, пак, како функционер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во период од јануари 2022 до ноември 2023 година ги повредил законските прописи и несовесно постапувал во вршењето на своите овластувања со тоа што пропуштил да изврши надзор над комисијата за одземање на владение врз основа на престанок на склучени договори за закуп, формирана од страна на министерот, а во врска со одземањето од владение на државното земјоделско земјиште од „ДЗС Илинден“.
„Третопријавениот, иако бил задолжен да организира и обезбедува законито и ефикасно вршење на работите и задачите, со пропуштање на должен надзор несовесно постапувал во вршење на своите овластувања, односно не преземал дејствија за утврдување на фактичката состојба во однос на одземање на владението на ‘ДЗС Илинден АД Скопје’. Со тоа му овозможил на ДЗС Илинден АД Скопје да прибави корист за себе, и тоа незаконско владение и плодоуживање на државно земјоделско земјиште, како и незаконско користење на финансиски средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој за период од 2021 до 2024 година во вкупен износ од 15.052.001,00 денари“, На 10 септември, актуелниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на прес-конференција изнесе обвинувања кон ексминистерот Љупчо Николовски дека додека бил на чело ова Министерство овозможил две фирми незаконски да добијат државни субвенции од илјадници евра. 360stepeni