Две лица од селото Долно Јаболчиште, општина Чашка денеска се приведени откако во нивниот дом полицијата пронашла ловечки пушки „Бајкал“ и „Црвена Застава“, карабин „Хемерлес“, два оптички нишани за пушка, оружје за светлосна и звучна сигнализација, пиштол „ЦЗ- 99“, 146 куршуми различен калибар, 21 ловечки патрони, две рамки за пиштол, карабин „Црвена застава“- расклопен на делови и карабин без ознаки.
Денес, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес и полициски службеници од Полициското одделение Чашка ги лишиле од слобода М.З.(86) и 41-годишната М.З., двајцата од село Долно Јаболчиште, општина Чашка.