1 (48) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Mar 12:02 -> 25-Mar 13:35
.
.
.
.

Постапката за разрешување на Коцевски ќе се запре во моментот, рече премиерот Мицкоски

  • Ќе продолжат инспекциските контроли, кај 70-80 проценти од објектите воочени неправилности

  • Локалите ќе добијат колку што им е потребно време за да ги исполнат условите, дотогаш нема да работат

  • Мицкоски: Жалам што мораше ова да се случи за сите да се освестат дека работите повеќе од три децении биле погрешни

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека постапката за разрешување на јавниот обвинител ќе се запре во моментот до таму каде што се наоѓа.

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека и понатаму ќе продолжат инспекциските контроли во сите јавни објекти низ државата.

На сопствениците на угостителски објекти ќе им биде даден временски рок за да ги отстранат недостатоците или да го прилагодат објектот, изјави премиерот Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање за мораториумот.

Жалам што мораше ова да се случи за сите да се освестат дека работите повеќе од три децении биле погрешни, вели премиерот Христијан Мицкоски, изразувајќи уверување дека ќе ги коригираат и поразат, како што порача сите мафии кои за жал царувале.

14 (6) ■ вести > македонија ■ 25-Mar 08:22 -> 25-Mar 13:18
.
.
.
.

Јаневска: Сто и триест психолози се достапни на учениците, студентите, децата во градинките и на граѓаните по несреќата во Кочани

  • Јаневска во Штип: 130 психолози обезбедуваат дополнителна психосоцијална поддршка за учениците, наставниците и за родителите по трагедијата во Кочан

Сто и триест психолози се на располагање за психолошка поддршка на учениците, студентите и на граѓаните во општините во Брегалничкиот регион, каде што има починати ученици и блиски во семејствата, како и повредени кои се наоѓаат на лекување, по големата трагедија во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Постојано се зголемува бројот на психолози што се вклучуваат во давањето психосоцијална поддршка за учениците, нивните родители и за наставниците по трагедијата во Кочани.

Повеќе од
оваа категорија

38 (19) ■ спорт > македонија ■ 24-Mar 19:18 -> 25-Mar 09:59
.
.
.
.

Се огласија од ФФМ по веста дека Дени Масев е приведен

  • Директорот на А репрезентацијата заврши во притвор и разрешен од функцијата

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се огласи вечерва во врска со медиумските написи дека директорот на сениорската репрезентација Данчо Масев е приведен, истакнувајќи дека од пред извесен период е разрешен од должноста, а Федерацијата нема информации околу „личните постапки“ кои довеле до негово апсење.

Дени Масев, поранешен македонски репрезентативец пред една недела завршил во притвор, информира . Како што потврдуваат извори за „Слободен печат“ Масев во моментов се наоѓа во притвор, а според неофицијалните информации, тој се поврзува со групата на Раде Трајковски – Штекли, кој беше уапсен на почетокот на годинава под сомнение за трговија со дрога.

Повеќе од
оваа категорија

64 (13) ■ бизнис > економија ■ 24-Mar 08:27 -> 25-Mar 07:50
.
.
.
.

РКЕ: Работиме на сеопфатен пакет мерки со цел да ја подобри заштитата на корисниците

  • Инженерите со забелешки за фактурирањето на струјата на средба со Бислимовски

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) веќе извесно време работи на сеопфатен пакет мерки со цел да ја подобри заштитата на корисниците, вклучувајќи месечно евидентирање на броилата, како и повремена проверка на броилата по случаен избор кај одреден број корисници кои поднеле жалби до РКЕ, информираат од регулаторното тело за МИА.

Здружението Инжинери на Република Македонија (ИНРМ) најави дека денеска ќе одржи состанок со претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски за да ги изнесат ставовите во врска со, како што посочуваат, штетните практики во фактурирањето на електричната енергија.