Три малолетни лица, странски државјани, се фатени од полицијата во доцните вечерни часови кај месноста Ајватовски рид, во близина на скопската населба Илинден, со сомнителни предмети кои можат да се поврзат со подметнување пожар.
Во рамки на преземените обемни активности околу состојбата со пожарите во скопскиот регион, вчера (09.07.) на подрачје на ЕВР Гази Баба, поточно во близина на месноста Ајватовски рид кај населбата Илинден во 23:40 часот полициски службеници при преглед на три малолетни лица, странски државјани, во ранец пронашле две шишиња со по 1,5 литри бензин, две петарди, запалка и течен лепак, по што истите се лишени од слобода.