Не знам што вели нашиот правен и политички систем за ситуации како со претседателката на Антикорупциската комисија, но знам дека тоа што се случува сега е пародија на правото, државната регулатива и на битката против злоупотребите на функционерите и против корупцијата.
Обвинетата претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, со записник го вратила безбедносниот сертификат „Државна тајна“ и веќе не смее да го користи, потврдија од Антикорупциската комисија за ТВ Телма.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите нагласи дека треба да има правосилна судска пресуда за да се почне постапка во законодавниот дом за одземање на мандатот на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска, која е обвинета за оддавање службена тајна и фалсификување на испитот за добивање безбедносен сертификат.
Пет дена по обвинението претседателката на Антикорупциска е недостапна и сè уште не се огласила ниту за кривичните дела ниту за повиците за оставка.