1 (22) ■ спорт > фудбал ■ 31-Mar 17:26 -> 31-Mar 21:12
.
.
.
.

ФФМ отвори постапка поради нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија

  • ФФМ за срамниот потег во Тетово: За вакви нелуѓе нема место во фудбалот

  • (Видео) Песна и по некој свиреж наместо минута молк за жртвите во Кочани – непримерно однесување на „Балистите“ пред мечот Шкендија – Брера во Тетово, ФФМ отвори дисциплинска

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отвора дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради нечовечкото однесување на навивачите и непочитувањето на минута молк во чест на жртвите од трагедијата во Кочани.

Поради нечовечкото однесување на пред натпреварот од 25. коло во ПМФЛ против струмичка Брера стигна реакција од Фудбалската федерација на Македонија.

Непримерно однесување на навивачката група „Балисти“ пред натпреварот од Првата МФЛ меѓу Шкендија и Брера во Тетово.

2 (33) ■ вести > свет ■ 29-Mar 11:40 -> 31-Mar 20:46
.
.
.
.

Захарова: Пресудата на Ле Пен ја покажува агонијата на либералната демократија

  • Марин Ле Пен прогласена за виновна за проневера на средства од ЕУ

  • Францускиот суд донесе одлука што би можела да ја дисквалификува Ле Пен од изборите во 2027 година

  • Орбан:Јас сум Марин Ле Пен

Судот во Париз ја прогласи Марин Ле Пен за виновна за злоупотреба на средствата на Европскиот парламент и ја осуди на четири години затвор, а пет години и е забрането да учествува на избори.

Француската политичарка Марин Ле Пен е прогласена за виновна за незаконско користење на европските фондови за финансирање на нејзината крајнодесничарска партија Национален собир.

Францускиот Уставен суд донесе одлука според која политичарите треба веднаш да бидат дисквалификувани од јавни функции ако се обвинети за криминал, што отвора можност за забрана на крајнодесничарката Марин Ле Пен да се кандидира на претседателските избори во 2027 година.

По веста дека лидерката на Францускиот национален митинг (Rassemblement National), Марин Ле Пен, е осудена на четири годишна затворска казна за проневера на европски пари и доби забрана да се кандидира на претседателките избори, се огласи унгарскиот премиер Виктор Орбан.

4 (54) ■ вести > свет > русија ■ 29-Mar 00:30 -> 31-Mar 16:15
.
.
.
.

Додека Украина го разгледува нацрт-договорот за ретки минерали, Москва преговара со Вашингтон за руските рудните ресурси

  • Зеленски: Драматично е проширен американскиот предлог за ретките минерали

  • Трамп: Лут сум и бесен на Путин

  • ЗЕЛЕНСКИ: Украина нема да ја признае одобрената американска воена помош како заеми и долгови што треба да се вратат на САД

Изминатите месеци глобалното внимание е насочено кон ретките минерали и другите елементи, неопходни за високотехнолошките индустрии, бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да се спротивстави на доминацијата на Кина во овој сектор.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа изјави дека Киев нема да прифати никаков договор за ретки минерали, кој би ја загрозил интеграцијата во Европска Унија.

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека е „многу лут“ и „бесен“ кога рускиот претседател Владимир Путин го критикуваше кредибилитетот на раководството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека коментарите се погрешни.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина нема да ја признае претходно одобрената американска воена помош како заеми што треба да се вратат.

10 (21) ■ вести > македонија ■ 31-Mar 09:44 -> 31-Mar 13:58
.
.
.
.

АХВ: Засега нема известување од ЕУ дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни супи

  • Одземени 250 килограми грицки и оризови барови со поминат рок, казнет нелегалниот продавач

  • Пронајдени 250 килограми флипс, оризови барови и грицки со поминат рок кои се продавале на пазари низ Скопје

Засега нема известување преку Системот за брзо известување за небезбедена храна и храна за животни – (RASSF) на ЕУ дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни супи, информира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за МИА.

По добиено известување од полициски службеници дека при рутинска контрола на патничко моторно возило откриле значително количество кондиторски производи со поминат рок, иснепкциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Министерството за внатрешни работи извршиле претрес на домот на возачот на возилото.

По добиено известување од полициски службеници дека при рутинска контрола на патничко моторно возило откриле значително количество кондиторски производи со поминат рок, иснепкциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) презедоа дејствија за откривање на потеклото на истите.

Повеќе од
оваа категорија

5 (35) ■ спорт ■ 29-Mar 08:20 -> 31-Mar 19:14
.
.
.
.

Меншик: Сакав да се предадам, но имав среќа што судијата беше на ручек!

  • Ѓоковиќ загуби од 19-годишниот Меншик во финалето на турнирот во Мајами

  • Меншик со порака до Ѓоковиќ: Поради тебе почнав да играм тенис!

  • Ѓоковиќ за проблемот со очите во финалето во Мајами: Не сакам ова да звучи како изговор

Чешкиот тенисер Јакуб Меншик славеше во финалето на турнирот во Мајами против Новак Ѓоковиќ со 7-6 и 7-6, меѓутоа по мечот откри дека планирал да се откаже.

19-годишниот чешки тенисер направи вистинска сензација, дојде до својот најголем успех, а во борбата за трофејот го совлада најдобриот на сите времиња, Новак Ѓоковиќ.

Чешкиот тенисер Јакуб Меншик славеше во финалето на мастерсот во Мајами против Новак Ѓоковиќ со 7-6 и 7-6. Меншик ја оствари најголемата победа во својата кариера, по што имаше порака за Новак Ѓоковиќ, кој го смета за најдобриот тенисер во историјата.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не сака да бара оправдување во проблемите со очите за поразот од Чехот Јакуб Меншик ноќеска во финалето на Мастерсот во Мајами.

27 (21) ■ спорт ■ 30-Mar 12:34 -> 31-Mar 09:52
.
.
.
.

Лазаров: Огромен успех за македонскиот ракомет!

  • Алкалоид избори полуфинале во Европскиот куп

  • Алкалоид ќе игра европско полуфинале!

Екипата на Алкалоид се избори за место во полуфиналето од Европскиот куп каде што ќе игра против екипата на Рунар од Норвешка, а по денешната победа над Баја Маре, Лазаров не го криеше задоволството.

Ракометарите на Алкалоид вечерва испишаа историја со пласман во своето прво европско полуфинале.

Ракометарите на Алкалоид се пласираа во полуфиналето на Европскиот куп откако денеска во Скопје ја совладаа романската Баја Маре со 32-25. Избраниците на Лазаров денеска одиграа многу подобро од противникот и заслужено стигнаа до победата откако во првиот натпревар во Романија заврши без победник 31-31. Денеска најефикасен во редовите на Алкалоид беше со седум гола, пет постигна Во полуфиналето Алкалоид ќе игра против Рунар Сандефјорд од Норвешка кој во четвртфиналето беше подобар од Олимпијакос.

Повеќе од
оваа категорија