Пораката на бискупот ја пренесуваме во целост: Католичката Црква, на Бадник, со отворање на Светите Врати во базиликата Свети Петар, го започнува своето ходочестие на надежта во благопријатната година Господова, која е позната уште и како Јубилејна или Света Година и е посебен благодатен момент за верниците и животот на Црквата.
Јубилејните години во Црквата се слават на секои 25 години и претставуваат време на покајание и простување. Skopjeinfo
Бог дојде во човечко тело за да донесе помирување помеѓу Бога и човекот, но на нас денес останува дали ќе го примиме и дали ќе ја прифатиме неговата подадена рака, дали ќе го пренесме неговиот мир, простување и помирување во нашето општество.
Покрај духовната корист, Јубилејната година исто така е повик за простување и милосрдие и во општеството. Skopjeinfo
Католичката Црква, на Бадник, со отворање на Светите Врати во базиликата Свети Петар, го започнува своето ходочестие на надежта во благопријатната година Господова, која е позната уште и како Јубилејна или Света Година и е посебен благодатен момент за верниците и животот на Црквата, наведува во божиќната порака Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов. Nezavisen