Лидерот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, најави дека пратеничката група на партијата која ја предводи, следната недела до Собранието ќе поднесе специјален предлог-закон кој ќе биде наменет за обезбедување финансиска и институционална поддршка за семејствата погодени од трагедијата во Кочани.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска беше во посета на Радовиш, каде што се сретна со граѓаните и разговараше за предизвиците со кои се соочуваат во секојдневниот живот.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски нема апсолутно никаква контрола врз теренот, речиси секојдневно се случуваат инциденти,убиства, сообраќајќи, потенцираше претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во вчерашното гостување во „Тема на денот“ на телевизија Сител.