Со вметнување на клаузула во Законот за спроведување на Уставот според која измените нема да важат ако Бугарија во наредните пет години продолжува да го блокира нашето членство во ЕУ. „Ние треба да ги реализираме уставните измени.
Еве јас одам еден чекор понапред, доколку уставните измени се направат денес, ние слободно можеме во Законот за спроведување на Уставот да вметнеме клаузула со која се вели, доколку во наредните 5 години Бугарија продолжува да спречува Северна Македонија за работи кои немаат врска со Европската Унија, Парламентот да има за право да ги суспендира уставните измени, но тие да стапат на сила сега“, рече Османи во Дејли Клик на ТВ21. Sitel
Се сомневаме во искреноста на нивните намери, а поранешниот шеф на дипломатијата најмалку има кредибилитет да зборува за оваа тема, рече денеска владината портпаролка Марија Митева во врска со ставот на Бујар Османи да се донесат уставните измени, но со клаузула според која нема да важат ако Бугарија во наредните пет години продолжува да го блокира нашето членство во ЕУ. -Ја видовме изјавата на поранешниот шеф на дипломатијата кој со години беше на чело на таа позиција и цениме дека најмалку има кредибилитет да зборува за оваа тема зашто се сомневаме во искреноста на нивните намери при давањето предлози и решенија за состојбата во која се наоѓаме по однос на ова прашање – истакна Митева на прес-конференција. Novamakedonija
Одговорајќи на новинарско прашање во кој смисол Владата се сомнева, Митева подвлече дека сомнежот е во однос на тоа „која е намерата во однос на нивните предлози што ги даваат сега како насока на предлог-решенија“.
Османи за ТВ21 денеска рече дека земјава треба да ги реализираме уставните измени преку вметнување клаузула во Законот за спроведување на Уставот. Faktor
Поранешниот шеф на македонската дипломатија, Бујар Османи пак со предлог да се воведе клаузула во Законот за спроведување на Уставот. Telma
Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи во емисијата Дејли Клик на ТВ21 предложи уставните измени да се реализираат преку вметнување на клаузула во законот за спроведување на Уставот, следствено, доколку Бугарија во наредните 5 години продолжува да ја опструира Македонија на патот кон Европската Унија со други услови, тогаш Парламентот да има за право да ги суспендира уставните измени.
„Ние треба да ги реализираме уставните измени. Mk
Разделбата на Македонија од пакетот со Албанија не е добра за земјава, рече во Дејли Клик потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи. Mk