Поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска смета дека, власта нема капацитет да ги спои АНБ и АР. Очекува дека ќе донесе наскоро закон за „безболно“ да го промени сегашниот директор на АНБ зад чие поставување изби скандал.
Пратеничката на СДСМ во Собранието и ексминистерка за одбрана, Славјанка Петровска вели оти нема да биде изненадена ако во наредните неколку недели во парлементот биде поднесе закон за спојување на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнање (АР). Со тоа, како што вели таа во неделното интервју за Радио Слободна Европа, власта на „елегантен“ начин ќе го „разреши“ директорот на АНБ, Бојан Христовски по бројните прашања што ги отвори неговото назначување, и ќе назначи нов директор на таа нова Агенција.