Поранешната министерка за одбрана, Славјанка Петровска, во интервју за Радио Слободна Европа, изјави дека власта нема капацитет да ги спои АНБ и АР. Таа изрази очекување дека власта наскоро ќе донесе закон за „безболно“ да го смени сегашниот директор на АНБ по чие поставување изби скандал.
Пратеничката на СДСМ во Собранието и ексминистерка за одбрана, Славјанка Петровска вели оти нема да биде изненадена ако во наредните неколку недели во парлементот биде поднесе закон за спојување на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнање (АР). Со тоа, како што вели таа во неделното интервју за Радио Слободна Европа, власта на „елегантен“ начин ќе го „разреши“ директорот на АНБ, Бојан Христовски по бројните прашања што ги отвори неговото назначување, и ќе назначи нов директор на таа нова Агенција.