Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска во пишана изјава за медиумите ја поздравува одлуката и, како што вели, одговорниот пристап на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), која како независно тело донесе одлука за минимално, односно незначително покачување на цената на електричната енергија за домаќинствата. Press24
Наследивме неповолни договори од минатото, големи долгови, неподготвени енергетски капацитети и други неповолни состојби кои успешно ги решаваме.
Како Министерство, остануваме фокусирани на развој и имплементација на долгорочни стратегии, како и зголемување на домашното производство на електрична енергија што ќе придонесе за ценовна стабилност. Netpress
Посебно сум задоволна заради минималното покачување од 0,68 отсто за првиот блок на потрошувачи, кои сочинуваат скоро 80 отсто од вкупниот број на домаќинства.
Исто така за поздравување е и тоа што просечно покачување е од незначителни 0,92 отсто на цената на електричната енергија за домаќинствата, вели Божиновска во изјавата. Netpress