Интерпелацијата за претседателката на собраниската Комисија за социјална политика, демокграфија и млади, поднесена од пратеничката група на Левица, беше изгласана во петокот (10 јануари) по што Кабинетот на претседателот на Собранието Африм Гаши излезе со соопштение во кое наведе дека интерпелацијата нема правно-обврзувачки последици.
Гаши вчера преку соопштение информира дека неговата улога како претседател завршила со процесот на интерпелација на претседателката на Комисијата за социјална политика Илире Даути. Biznisvesti
Како претседател на Собранието, мојата главна одговорност е да го почитувам и спроведувам Деловникот и процедурите на Собранието, вели претседателот на Собранието Африм Гаши за случајот со Илире Даути. Press24
Одговорноста е кај претседателот на Собранието, Африм Гаши, и за Даути и за незакажувањето седница на Комисија.
Иако и беше изгласана недоверба на претседателката на Комисија за социјална политика, Илирие Даути, претседателот на Собранието, Африм Гаши вели дека тоа не е обврска за нејзино разрешување и дека нема правно дејство, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. Press24
Воедно, со цел да ги разјаснат неуставните толкувања во јавноста, од партијата потенцираат дека правните норми се јасни: владејачкото мнозинство преку собраниската комисија има правна можност и обврска да ја разреши Илире Даути, доколку таа продолжи да го крши Деловникот и не си поднесе оставка од функцијата претседател на комисијата.
За Левица, Илире Даути со изгласаната интерпелација е разрешена од претседател на Комисијата за социјална политика, демографија и млади. Faktor