Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, со остра реакција во врска со прашањата на СДСМ поврзани со случајот на Васил Јованов во затворот „Шутка“ кој добил пристап до мобилен телефон.
Возачот кој ја прегази 22-годишната студентка од Неготино Фросина Кулакова, во истражниот затвор во Шутка добил мобилен телефон, тврди во соопштение опозициската партија СДСМ.
Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, за „360 степени“ информираше дека на 20-годишникот Васил Јованов му е одземен телефонот, а во затворот биле направени претреси.