Сиљановска – Давкова и делегацијата го посетија и гробот на папата Франциск.
Македонската делегација во базиликата „Сан Клементе“ во Рим присуствуваше на молебен на гробот на Свети Кирил по повод чествувањето на 24 мај – Денот на сесловенските просветители, со кој чиноначалствуваа митрополитот Тетовско-Гостиварски господин Јосиф и епископот Стобиски, господин Јаков, во придружба на повеќе свештенослужители. Denesen
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која синоќа присуствуваше на концертот на пијанистот Симон Трпчески во Рим во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“, изјави дека никој нема да ја заборави таа вечер и дека тоа е уште една потврда за моќта на културната дипломатија. Alfa
Во рамки на посетата на Рим по повод одбележувањето на Денот на сесловенските просветители, таа вчера положи венец пред спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј која се наоѓа во базиликата „Санта Марија Маџоре“.
Сиљановска – Давкова и делегацијата го посетија и гробот на папата Франциск. Denesen