„Трагедијата во Кочани во која животот во загубија 62 млади лица е од невидени размери.“, велат од Владата, и надоплнуваат: „Како Влада истакнавме дека наша обврска покрај целосна истрага и расветлување на случајот, е и да обезбедиме соодветна здравствена заштита и медицинска помош на сите повредени и нивни семејства.
Владата следната недела ќе донесе Одлука со која одморалиштето „Пониква“ ќе му се отстапи на Министерството за здравство како објект за продолжена медицинска нега и рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани.
Марија Митева, портпаролка на Владата и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во централниот Дневник на Сител телевизија.
Во „Тема на денот“ во централниот Дневник на Сител телевизија, гостуваше портпаролката на Владата и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, која се осврна на повеќе значајни теми од кои и за мерките на Владата кои ги презема за семејствата на настраданите во Кочани со отворената телефонска линија за воспоставување на контакт да се помогне за сите проблеми кои се надвор од здравствената грижа и да се помогне институционално.