Премиерот Христијан Мицкоски информира дека е остварена комуникација со Канцеларијата на Европската комисија во државава по иницијативата за средба со бугарската страна и оти има предлог термин, за кој се чека да се изјасни Бугарија.
Фото: Фејсбук профил на Гордана Сиљановска Давкова Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска изјави дека иако е правило да има средба со својот хомолог не е проблем да разговара и со бугарскиот премиер Росен Жељазков на Самитот на НАТО во Хаг со оглед дека е потврдено оти нејзиниот бугарски колега, претседателот Румен Радев не доаѓа во Хаг, во насока на деблокирање на нашите евроинтеграции.
Printscreen / Youtube / Влада Премиерот Христијан Мицкоски информира дека нема да присустува на престојниот Самит на НАТО во Хаг, таму ќе замине претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Ако има каква било иницијатива за средба меѓу македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова и бугарскиот премиер Росен Жељазков на претстојниот Самит на НАТО во Хаг, тоа треба да се прифати, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.