Мислам дека успеавме некако да го амортизираме оној удар којшто повторно некој сакаше да го нанесе врз Македонскиот идентитет и јазик, доформулирајќи го, дообјаснувајќи го со модерен или сегашен или не знам што веќе нема да им текне, само да се обидат да креираат некоја нова нација, а со тоа да го нарушат и кредибилитетот на самата ЕУ, За жал постојат и такви членови на ЕП, но среќа е за нас, што огромното мнозинство таму застануваат позади нашите аргументи.- Христијан Мицкоски – Претседател на Влада На две дена пред повтрониот обид за разгледување на Изврштајот, бугарскиот евро-пратеник Кристиан Вигенин во интервју за БНТ порача дека во вторник ќе се гласа за извештај во кој нема да има одредби за „вековен идентитет“, туку за обврските кои Македонија треба да ги исполни, конкретно, вклучувањето на бугарите во Уставот. Kanal5