Има таква можност да го покажат ова што го зборуваат.
На 24 јуни на Комисијата за надворешни работи при ЕП АФЕТ се наоѓа извештајот во којшто очекувам бугарските членови на ЕП да ги повлечат амандманите во кои бараат македонскиот многувековен идентитет и јазик да се додефинираат со зборчето сегашен или „present“, и во рамките на тој дух да биде усвоен тој извештај и потоа и патоказот за малцински права којшто многу скоро ќе биде на дневен ред, така што имаат можност ова што го збруваат да го покажат и на дело, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Битола, прашан да ја искоментира вчерашната изјава на бугарскиот претседател Румен Радев. Press24
Еве им шанса да го докажат тоа – на 24 јуни нека ги повлечат амандманите во Европскиот парламент со кои се условува македонскиот јазик“, изјави Мицкоски од Битола.
Тој најави дека очекува средба со бугарска страна на Самитот на НАТО во Хаг, каде ќе се разговара и за Коридорот 8. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од Самитот во Тирана порача дека соседите ја блокираат Македонија со вето и идентитетски услови, што води кон „балканизација на ЕУ“. Skopje1