Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
4
1.54
7.68
0.75/0.06
4.00
0.96
0.24
380.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 4
7 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 17.1
Best clustering variants
7 0.99/0.01 2 17.1
Denesen

А тоа е периодот кога Зоран Заев со примена на филозофија на паланката почна да ја присвојува власта, иако не победи на избори (2016/2017г.). Тој на македонската јавна и политичка сцена воведе една треш политика (политика на пластично ѓубре – отпад). А кога во 2018-тата го воеде и бруталното непочитување на слободно изразената воља на народот (Референдум, септември 2018-та), т.е ја погази народната воља, уште тогаш партијата што ја раководи (СДСМ) стана една обична долдрум(тапа) партија, која во јануари 2019-та воведе и политичко насилие во Собранието на Република Македонија и насилно, шверцерски и со политички терор го смени Уставот на РМ и нашето исконско име Македонија.

Со неговата дневна политика на лаги и манипулации (наутро “да“, напладне “можеби“, а навечер “не“), тој и СДСМ почнаа да не уверуваат дека: Привидот(што тие го создаваа) е поверодостоен од реалноста(која ние ја живеевме); Дека сликата(која беше искривено огледало) е поважна од суштината на нештата; Дека впечатокот(создаван со спинување – извртување) е побитен од вистината за работите, односите, состојбите, настаните и луѓето; и дека илузијата(што ни ја наметнуваа) е поуверлива од мерливиот доказ, нешто што ниту било, ниту некогаш ќе биде. Denesen