1 (15) ■ вести > свет > регион ■ 06-Feb 08:31 -> 06-Feb 10:10
.
.
.
.

Освен во Загреб, дојави за бомби во училишта во уште два града во Хрватска

  • Во Загреб повеќе училишта добија дојави за поставени бомби

Училишта во Пожега и Чаковец денеска добија дојави за можна поставеност на експлозивни направи, јавија хрватските медиуми.

Училишта во Загреб утрово добија дојави за поставени експлозивни направи, информираа Градот Загреб и полицијата, наведувајќи дека децата се безбедни и дека се надвор од училиштата и се проверуваат од експерти за деактивирање бомби.

2 (7) ■ вести > балкан > регион ■ 04-Feb 15:00 -> 06-Feb 10:45
.
.
.
.

Ниту на третото гласање во грчкиот Парламент не беше избран претседател на Грција

  • ПАСОК достави предлог за прелиминарна истрага во Парламентот за поранешен министер поради железничката несреќа

Ниту еден од четворицата кандидати за претседател на Грција не ги доби потребните минимум 180 гласа при денешното трето гласање во Парламентот, а следното, кое се очекува да биде и клучно, ќе се одржи по пауза од пет дена, односно следната среда, јави дописничката на МИА од Атина.

Предлог за формирање специјална парламентарна комисија за спроведување на прелиминарна истрага за да се истражат какви било кривични одговорности на поранешниот министер без ресор Христос Триандопулос за железничката несреќа кај Темпи, достави грчката опозициска партија ПАСОК, јави дописничката на МИА од Атина.

11 (48) ■ вести > свет ■ 04-Feb 18:05 -> 06-Feb 10:39
.
.
.
.

Нетанјаху ја поздрави идејата на Трамп за евакуација на Палестинците од Газа

  • Трамп рече дека ќе поддржи трајно населување на Палестинците и дека САД „ќе воспостават контрола над Газа“

  • Фидан: Неприфатлив планот на Трамп за Газа

  • Официјален Берлин категорично против плановите на Трамп за раселување на Палестинците од Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека нема ништо лошо во идејата на Доналд Трамп за иселување на Палестинците од Појасот Газа, откако предлогот на американскиот претседател предизвика меѓународна критика.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ги поддржи напорите за трајно преселување на Палестинците од Појасот Газа во места каде што ќе можат да живеат без страв од насилство.

Турскиот шеф на дипломатијата го критикуваше предлогот на претседателот Доналд Трамп САД да го преземат Појасот Газа и да ги преселат Палестинците во други земји.

Германскиот политички врв остро ги критикуваше плановите на американскиот претседател Доналд Трамп за раселување на палестинското население од Појасот Газа, нарекувајќи ги неприфатливи и спротивни на меѓународното право.

13 (5) ■ вести > свет ■ 06-Feb 07:35 -> 06-Feb 09:44
.
.
.
.

ЕУ ЌЕ ИЗВАДИ „БАЗУКА“ АКО ТРАМП Ѝ ВОВЕДЕ ЦАРИНИ „Ќе пука“ на големите технолошки компании

  • ФТ: ЕУ се подготвува да ги погоди големите технолошки компании како одмазда за тарифите на Доналд Трамп

Доколку американскиот претседател Доналд Трамп ги исполни своите закани и воведе царини за стоки од Европската Унија, Брисел ќе одговори со таргетирање на големите технолошки компании објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на два извора во ЕУ. Европската комисија се обидува да го искористи својот „Инструмент против принуда“ (Anti-coercion instrument ACI) во потенцијалниот спор со Вашингтон, изјавија за медиумот две официјални лица кои имале увид во плановите.

Доколку Доналд Трамп ги исполни своите закани и воведе царини за стоки од Унијата, Брисел ќе одговори со таргетирање на големите технолошки компании објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на свои извора во ЕУ. Европската комисија се обидува да го искористи својот „Инструмент против принуда“ во потенцијалниот спор со Вашингтон.

15 (32) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 05-Feb 11:04 -> 06-Feb 08:06
.
.
.
.

МИРЧЕВСКИ ПАТУВАЛ ВО БУГАРИЈА КАКО НОВИНАР: Со уште петмина „новинари“ платил за соби со полн пансион во Софија

  • Обвинителство за претресот кај Пеце Мирчевски: Се вршат претреси на повеќе локации во Скопје

  • Уапсен Пеце Мирчевски, поранешен директор на СОЗР

  • Пеце Мирчески приведен во полициска станица заедно со сопственикот на рент-а-кар ВИП Сервис

По денешната кривична пријава од Управата за финансиска полиција (УФП) до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата, Пеце Мирчевски, во јавноста се откриваат нови детали во контекст на обвинението за несовесно работење во службата.

Обвинителството потврди дека Управата за финансиска полиција, во координација со скопското обвинителство, во моментот врши претреси поврзани со поранешниот директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР), Пеце Мирчевски, како што веќе објави,,Фокус”.

Поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) во Владата, Пецо Мирчевски е уапсен, неофицијално дознава „Нетпрес“.

Поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчески е приведен во полициската станица Кисела Вода откако денеска Финансиската полиција му отвори истрага за злоупотреба и финансиски малверзации извршени за време додека бил директор, јавува Заедно со Мирчески уапсен е и сопственикот на рент-а-кар сервисот ВИП, кој е опфатен со истата истрага.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

83 (6) ■ бизнис > економија ■ 05-Feb 12:14 -> 05-Feb 12:56
.
.
.
.

Каматната стапка на благајничките записи се намалува, останатите каматни стапки остануваат непроменети

  • НАФТАТА ЌЕ ОДИ НАГОРЕ, А ЗА ХРАНАТА ИМА УБАВИ ВЕСТИ, СЕ ОЧЕКУВА СМИРУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ - НБМ ја намали основната камата на 5,35 отсто

Каматната стапка на благајничките записи се намалува за 0,2 п.п., останатите каматни стапки се непроменети, одлучи Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка, на вчерашната седница на која беа разгледани најновите податоци и информации за светската и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика.

Благо намалување на основната камата на Народната банка, за 0,2 проценти поени, со што таа сега е на нивото од 5,35 проценти.