Минатата недела на собраниската седница премиерот Мицкоски извади папка во која кажа дека имало слични сертификати по англиски јазик кај директори од поранешната власт и дека ќе му ги даде на министерот за внатрешни работи.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека МВР ќе ги провери информациите за 500 функционери за кои постојат индиции дека сториле нешто што не е во согласност со законските прописи во смисла на соодветни докази кои не соодветствуваат со потребни законски процедури. Kanal5