Зависно од тоа како ги гледаме зелената енергија и дигитализацијата, станува збор за пет или шест политики кои внатре вклучуваат конкретни области, 36 конкретни реформи и 136 реформски чекори кои од една страна се поврзани со датуми за имплементација, од другата страна со одредени финансиски средства, истакна Орхан Муртезани, министер за европски прашања, во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ. „Распределувањето на износите по реформа е направено согласно методологија на Европската комисија, согласно тежината.
Назадување по области е нула, извештајот не констатира назадување по области, онаму каде што има нули, тоа значи дека нема напредок, не е назадување, истакна Орхан Муртезани, министер за европски прашања, во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ. „Нема напредок се однесува на шест области, 17 се со ограничен напредок, 17 се со делумен напредок, три се со добар напредок и многу добар напредок се нула.