Судијката во Основниот суд во Битола, Цветанка Никодиновска, денеска не дозволи снимање и фотографирање на судењето против поранешениот претседател на згаснатото бугарско здружение „Ванчо Михајлов“, Љупчо Георгиевски, иако новинарите на ТВ Телма и порталот „Сакам да кажам“ имаа акредитација од Врховниот суд на Македонија, пренесе Телма. Libertas
Потоа, кога расправата беше при крај, ги спречи екипи на ТВ Телма и „Сакам да кажам“ да ја напуштат судница и се закани дека следниот пат нема да им дозволи да присуствуваат.
Во решението издадено од Врховниот суд пишува дека се одобрува снимање и фотографирање на судскиот процес по предметот К 289/23, а даденото одобрение од страна на Претседателот на Врховниот суд е со важност до завршување на расправата по предметот. Telma
Во Основен суд во Битола и денеска се одложи расправата во која му се суди на Љупчо Георгиевски, поранешен претседатeл на згаснатото бугарско здружение „Ванчо Михајлов“ за ширење раздор, нетрпеливости и омраза кон македонскиот народ и придобивките од НОБ и зa ширење ксенофобија преку компјутерски систем. Telma