Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска информира дека согласно член 6 став 2 од Законот за санитарната и здравствената инспекција, до министерот за здравство ќе иницира постапка за стручен надзор над лекувањето на петгодишното дете на Детската клиника во Скопје. Sitel
„ДСЗИ исто така има забелешки и во однос на организацијата, работата на Клиниката особено во делот на дежурства кога се ангажираат само специјализанти, а за што од страна на ДСЗИ претходно е издадено решение за кое роковите се во тек.
Согласно член 6 став 2 од Законот за санитарната и здравствената инспекција до министерот за здравство ДСЗИ ќе иницира постапка за стручен надзор над лекувањето на детето“, потенцираат оттаму. Telma
Го воделе повеќе различни лекари, но по две недели состојбата му се влошува и починува.
Министерот за здравство Арбен Таравари сѐ уште не го добил извештајот од Државниот здравствен и санитарен инспекторат од вонредниот надзор на Клиниката за детски болести по смртта на петгодишното девојче со воспаление на мозокот. Faktor