Novamakedonija
Во врска со именување нови амбасадори и главни конзули, во моментов тече процес на консултации помеѓу претседателката, премиерот и мене, и очекувам наскоро да почнеме со процес на именување на нови амбасадори, секако земајќи во предвид квалитетите и квалификациите на лицата кои што ќе ги именуваме, и еден од приоритетите за побрзо именување нов амбасадор е секако нов амбасадор во НАТО, бидејќи мандатот на амбасадорот Дане Талески завршува веднаш после новогодишните празници – информира Муцунски.
Во однос на амбасадорите Љубомир Фрчкоски во ОН, Андреј Жерновски во Букурешт и Весел Мемеди во Рим, Муцунски рече дека амбасадорот Фрчкоски поднесе оставка, но тоа, додаде, не значи дека тука се завршени процесите околу внатрешна ревизија за финаниското работење, бидејќи, рече, тоа е сосема друго прашање. Novamakedonija