Во предложениот Буџет за 2025 година, средствата за поддршка на домашни компании се намалени од 340 милиони денари на само 220 милиони денари, додека истовремено средствата за поддршка на странски компании се зголемени, истакна на денешната комисиска расправа претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање, посочи дека каматите за кредитот од Унгарија на годишно ниво ќе изнесуваат околу 18 милиони евра.