На првата седница на новиот состав на Комисијата за помилување присуствуваше претседателката Силјановска Давкова, која на членовите на Комисијата им посака успешна работа, изразувајќи уверување дека Комисијата со својата работа, почитувајќи ги принципите за транспарентност и отчетност, праведност и еднаквост, хуманост и разбирање, ќе придонесе за јакнење на институционалната доверба, а одлуките ќе бидат пример за почитување на демократските вредности.