Вицепремиерот Меџити, кој работната посета ја оствари на барање на стопанствениците, со нив разговараше за актуелните проблеми, за патот и пристапот до економската зона Визбегово, како и за главното барање за кое протестираа – изградбата на асфалтна база во индустриската зона Визбегово, за која тој изјави дека нема да се гради.
Одлуката за изградба на асфалтна база во индустриската зона Визбегово Владата ја поништи, имајќи ги в предвид аргументите на граѓаните и бизнисот дека тоа е штетно.