На одбележувањето на Денот на МАНУ односно 57-годишнината од основањето на Македонската академија на науките и уметностите, нејзиниот претседател, академик Живко Попов, денеска се осврна на иницијативата за основање албанска академија на науките во земјава и на Законот за употреба на јазиците кој е предмет на дискусија во јавноста и е на разгледување во Уставниот суд. Republika
За политичките партии и за нивните влијанија никогаш немало место во Академијата, зашто таа се води единствено по принципите на мериторност и препознатливост како универзални вредности на дострелите и творбите во научната и уметничката сфера.
Друг пристап во критериумите за вреднување на индивидуалниот труд и достигнување, во аналите на МАНУ, досега не е познат, истакна Попов, додавајќи дека од нејзиното основање до денес, членови во Академијата биле припадници на македонскиот народ, но и на други етнички заедници. A1on
Посочи дека посебно внимание ќе се посвети на најзначајните приоритетни прашања кои се од посебно значење за долгорочниот развој на земјата, а особено, како што рече, „многубројните проблеми во образованието и науката, каде би се дефинирале потребите на државата од научно-истражувачки центри и лаборатории во различни научни сфери, при што би се финансирале пред се научно-истражувачки програми и проекти поврзани со развојот на Македонија“.
Понатаму тука се и демографските предизвици, комплексните проблеми во сферата на владеењето на правото и реформите во правосудниот систем, реформите во здравствениот и пензискиот систем, земјоделскиот, технолошкиот развој, енергетскиот и транспортниот развој, развојот на културата и уметноста итн, рече претседателот на МАНУ, додавајќи дека тоа претставува амбициозна програма за работењето на МАНУ, во соработка со универзитетите, научните институти и другите научни институции. Republika
Никој во Академијата, вклучувајќи ме и мене, не смета дека употребата на албанскиот и на јазиците на останатите немнозински заедници во државата, како придобивка од Охридскиот рамковен договор и уставна категорија треба да се укине, туку напротив, таа треба во законското решение да се доуреди и допрецизира во одредени области, со цел да се подобри нејзината применливост.
Тоа особено се однесува на функционирањето на правосудниот систем, работата на полицијата, армијата, потоа на здравствениот систем и друго, каде со оглед на деликатноста и одговорноста на она што е предмет на работа, нужна е употребата на еден општ јазик за разбирање, рече Попов. Civilmedia