Стратешките приоритети на Владата во контекст на европската интеграција беа тема на разговор на вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи со специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин. Republika
Во текот на разговорот, Фетаи ја нагласи силната посветеност на Владата кон унапредување на клучните реформи, како што се зајакнување на правната држава, интензивирање на борбата против корупцијата и градење стабилни и функционални демократски институции.
Посебен акцент беше ставен на зачувувањето и унапредувањето на меѓуетничката хармонија, како и на промоцијата на јазичната разновидност – вредности кои се основаат на општествената кохезија и на развојот на земјата. Plusinfo