Поранешниот македонски репрезентативец Ѓорги Христов е назначен денеска за нов технички директор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Христов, кој за македонската репрезентација одигра 48 натпревари, а во кариерата настапуваше за Пелистер, Партизан, Барнсли, Данфермлајн и Ден Бош, ќе биде задолжен за работата и развојот на младинските национални селекции и фудбалската Академија во рамки на ФФМ.
Ѓорги Христов, поранешниот македонски репрезентативец, со одлука на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ е именуван за нов технички директор во ФФМ.