Благодарение на богатата програма, одличната организација и инспиративните излагања на сите учесници, на Универзитетот „Македонија“ во Солун се случи еден вид „духовна гозба“ посветена како на македонскиот јазик и литература, така и на перспективите за меѓусебна академска соработка, вели за МИА деканот на Филолошкиот факултет, професор Владимир Мартиновски за вчерашната научна конференција на која македонски и грчки професори дискутираа за перспективите на културна соработка со акцентот на македонскиот јазик.
За перспективите на културната соработка на академско ниво со фокусот ставен на македонскиот јазик, ќе дискутираат македонски и грчки професори на настанот што денеска ќе се одржи во Солун, а дел од учесниците, професорката Александра Јоаниду и професорот Владимир Мартиновски во разговор со дописничката на МИА од Атина ја истакнуваат важноста на конференцијата.