Ако земеме да направиме паралела во минатото каква била функционалноста на општинската администрација и направиме споредба со градоначалници пред мене со ова денес, имаме дијаметрално спротивни ставови и начини на функционирање и имплементирање на власта.
Знаете дека најсвеж пример за тоа на којшто цела јавност беше сведок беше Меѓународен конкурс за Расадник, каде што на површина на којашто беа планирани 99 згради и практично беше пред фаза на донесување на Совет, замина во минатото“, објасни градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, во вечерашното гостување на Телма телевизија во емисијата Топ Тема, каде се отвори дебата на тема злоупотреба на урбаното зеленило, разјаснувајќи како денес се одвива менаџирањето и одлучувањето по однос на давање дозволи за градба.