Ова прашање, сепак, би можело да биде покренато во рамки на расправата на Самитот посветена на помирувањето, иако таа дебата, според нив, не би требало да се поврзува со преговарачкиот процес.
Истите извори посочуваат и дека Северна Македонија, како и останатите земји кандидати за членство, треба да работи на исполнување на критериумите утврдени со Преговарачката рамка, меѓу кои се и уставните измени. Sitel
Се уште се потребни решителни дополнителни напори за поттикнување на помирувањето и регионалната стабилност, како и за изнаоѓање и спроведување на дефинитивни, инклузивни и обврзувачки решенија за регионалните и билатералните спорови и прашањата вкоренети во наследството на партнерите од минатото, во согласност со меѓународното право и воспоставените принципи, се вели во предлог текстот на „Бриселската декларација“.
Во вчерашното интервју со петмина новинари од медиуми од Западниот Балкан, меѓу кои и МИА, претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта порача дека мора да се работи за целосно исполнување на обврските на земјава, кои се предуслов таа формално да ги отвори пристапните преговори. Kanal5
Утрешниот Самит ЕУ-Западен Балкан нема да биде посветен на проширувањето на Унијата, туку на теми поврзани со Планот за раст на регионот, усогласеноста на западнобалканските партнери со заедничката надворешна и безбедносна политика, влијанието на руската инвазија врз Украина на нивните економии и на справувањето со миграцијата, па на собирот нема да стане збор прашања поврзани со преговарачкиот процес, како што се измените на Уставот на Македонија, наведуваат извори од Европскиот совет. Plusinfo
Утрешниот Самит ЕУ-Западен Балкан нема да биде посветен на проширувањето на Унијата, туку на теми поврзани со Планот за раст на регионот, усогласеноста на западнобалканските партнери со заедничката надворешна и безбедносна политика, влијанието на руската инвазија врз Украина на нивните економии и со справувањето со миграцијата, па на собирот нема да стане збор прашања поврзани со преговарачкиот процес, како што се измените на Уставот на Северна Македонија, наведуваат извори од Европскиот совет.
Ова прашање, сепак, би можело да биде покренато во рамки на расправата на Самитот посветена на помирувањето, иако таа дебата, според нив, не би требало да се поврзува со преговарачкиот процес. Libertas