Амбасадорката на САД во државава Анџела Агелер, во одговор на новинарско прашање за поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој како осомничен за случајот „Државна лотарија“ е во бегство, денеска изјави дека нема коменетар во однос на тоа што се случува со Груби, но порача оти е важно луѓето да бидат повикани на одговорност за нивните дела.
Амбасадорката на САД, Ангела Агелер која денеска присуствуваше на претпразнична чајанка во Јавното претпријатие Лајка, на новинарски прашања не сакаше да го коментира бегството на Груби.