По овој протест, доколку не добијат одговор што ги задоволува нивните барања, активистите најавуваат консултации со правни служби и поднесување тужби, а доколку е потребно, како што додаваат, правото на чист воздух и здрава средина ќе го бараат и пред европските судови Кочанчани денеска излегоа на протест откако изминатите денови камиони од локалните комунални претпријатија од општините Виница и Зрновци повторно можеше да се видат на кочанската депонија.
Депонирањето отпад се случува и покрај одлуката на кочанскиот Совет да се забрани одлагањето на вреќите од околните општини на депонијата.