Во Собранието на Македонија во саботата на Иван Антоновски му беше врачена државната награда „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ за остварувања во областа на публицистиката за книгата „Од онаа страна на Небиднината: разговори со Светлана Шопова за Ацо Шопов“.
Хаџивасилев е многу повеќе од новинар и публицист, имено, тој е директен учесник во македонската Народноослободителна и антифашистичка борба во Втората светска војна, преку своите текстови кристално јасно ги заштитува македонските национални и политички интереси, а се пројавува и како промотор на македонските национални особености и критичар на сите националистички и шовинистички дејанија против македонскиот народ Денеска се одбележуваат 102 години од раѓањето на Мито Хаџивасилев-Јасмин, личност што во македонската национална меморија останува запаметена како првото перо на македонското новинарство и публицистика, како и главен и одговорен уредник на весникот „Нова Македонија“.