Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека „нешто ќе се случи“ во Украина наскоро, но дека рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски сè уште не се подготвени за тоа. Тој рече дека е „реалистичен и оптимист“ за постигнување мир во Украина, додавајќи дека внимателно ги следи активностите што ги преземаат Путин и Зеленски.
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека наскоро „нешто ќе се случи“ во Украина, но дека рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски сè уште не се подготвени за тоа. Тој рече дека е „реалистичен и оптимист“ за постигнување мир во Украина, додавајќи дека внимателно ги следи активностите што ги преземаат Путин и Зеленски.
Најмалку 15 лица загинаа, а 18 се повредени откако излета од шините фуникуларот „Глорија“ во Лисабон, соопшти портпарол на службите за итна помош. Фуникуларот е железничка жичница што се движи по стрмнина со помош на кабел и претставува една од најпознатите туристички атракции во португалската престолнина.
Португалија е во шок откако 15 лица загинаа кога 140-годишната жичница Глорија, една од главните туристички атракции во Лисабон, излета од шините. Уште 18 лица се однесени во болница, од кои пет се во сериозна состојба, потврдија службите за итни случаи.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд при што за кратко време ќе наврнат над 20 литри на квадратен метар, како и со засилен ветер со брзина од над 60 километри на час и услови за изолирана појава на град.
Времето денеска е променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд при што за кратко време ќе наврнат над 20 литри на квадратен метар, како и со засилен ветер со брзина од над 60 километри на час и услови за изолирана појава на град.
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова смета дека нема потреба од нова декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите што најголемата македонска опозициска партија СДСМ најави дека ќе ја поднесе. Сиљановска-Давкова денеска од Охрид им порача на сите политички партии да седнат во Парламентот и да се договорат како ќе настапуваат надвор од државата.
Уставните судови не се под јурисдикција на политичари на соседни земји, а одлуките на овој суд се конечни и не се коментираат, рече денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во однос на писмото на шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев до неговите колеги од ЕУ, во кое вели дека е непотребна провокација и правна апсурдна постапка иницијативата за оценка на уставноста на Протоколот од Договорот за доброседство со Бугарија, поднесена до Уставниот суд од поранешната пратеничка Лилјана Поповска. Според неа непријатно е да се коментираат вакви изјави како и да се даваат комeнтари за работа на Уставен суд.
„Во животот на луѓето постојат малку моменти кога само еден ден ја определува насоката на историјата. Убеден сум, и имам многу аргументи, дека 19 октомври ќе биде токму таков ден, ден кога ќе се сврти историската насока,” порача кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, на вчерашниот собир со граѓани.
„Во животот на луѓето постојат малку моменти кога само еден ден ја определува насоката на историјата. Убеден сум, и имам многу аргументи, дека 19 октомври ќе биде токму таков ден, ден кога ќе се сврти историската насока,“ порача кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, на вечерашниот собир со граѓани.
Вечерва ИК на ВМРО-ДПМНЕ одржа редовна седница на која се дискутираше за состојбата во државата и растот на економијата која се случува како плод на силната посветеност на Владата, а на која се разгледаа и избраа неколку кандидати за градоначалници, објави Ѓорѓија Сајкоски, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Сајкоски истакна дека вечерва ИК на ВМРО-ДПМНЕ ги избра следните кандидати за градоначалници: за Сопиште – Јане Мицевски, за Кичево – Александар Јовановски, за Крива Паланка – Оливер Алексовски, за Маврово Ростуше – Онер Јакуповски, за Кривогаштани – Сашо Граорковски, за Шуто Оризари – Ерџан Демир, за Крушево- Нико Чонески, за Валандово – Ѓоко Камчев, за Виница – Митко Костадиновски, за Демир Хисар- Никола Најдовски, за Чешиново-Облешево – Јордан Костадинов, за Радовиш – Љупчо Почивалец, за Чашка – Дејан Андоновски, за Прилеп – Дејан Проданоски, за Струмица -Петар Јанков, за Неготино- Марија Нацева.
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната редовна седница избра уште 16 кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Еве ги кандидатите кои ги објави партијата: 1. Сопиште – Јане Мицески 2. Кичево – Александар Јованоски 3. Крива Паланка – Оливер Алексовски 4. Маврово и Ростуше – Омер Јакупоски 5. Кривогаштани – Сашо Ронковски 6. Шуто Оризари – Ерџан Демир 7. Крушево – Нико Чонески 8. Валандово – Ѓоко Камчев 9. Виница – Митко Костадиновски 10. Демир Хисар – Никола Недоски 11. Чешиново Облешево – Јордан Костадинов 12. Радовиш – Љупчо Почиганец 13. Чашка – Дејан Андоновски 14. Прилеп – Дејан Проданоски 15. Струмица – Петар Јанков 16. Неготино – Благој Ацев За Кисела Вода, како што рече генралниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски, и натаму се вршат анкетите и во најскоро време ќе биде одлучено кој ќе биде кандидат.
Во Грција, повеќе од 750 училишта се затвораат за новата учебна година, бидејќи наглото намалување на бројот на раѓања доведува до недоволен број ученици. Според статија на „Фајненшл тајмс“, повеќе од пет проценти од училиштата се затвораат, како во оддалечените села и острови, така и во Атина, каде што властите предупредуваат на „демографски колапс“.
Грвија се соочува со драматичните последици од нејзиниот демографски пад, од кои една е масовното затворање на училиштата низ целата земја. Поради намалувањето на бројот на запишани ученици, дури 721 училиште ќе ги затворат своите врати во учебната 2025/2026 година, според најновите податоци од грчкото Министерство за образование, пишува „Грик репортер“.
Фото: CCTV / социјални мрежи „Како да има шуга“: Вучиќ во улога на „фенерџија“ во Пекинг, го ставија сам и последен во колоната Српскиот претседател Александар Вучиќ престојува во Кина, каде учествува на одбележувањето на 80-годишнината од капитулацијата на Јапонија во Втората светска војна. Кинескиот лидер Си Џинпинг собра бројни странски гости на свеченоста, а на официјалната заедничка фотографија Вучиќ се наоѓа во последниот ред осамен и на маргините на колоната од светски лидери, далеку од Си и Путин.
Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше со рускиот претседател Владимир Путин. Средбата ја следеа бројни телевизиски екипи.
Откако синоќа во Народното собрание на Република Српска (НАРС) беше избрана новата, нелегална ентитетска влада, бошњачките претставници во институциите на тој ентитет ја доведоа во прашање нејзината легитимност и уставност, бидејќи мандатарот го предложи Милорад Додик, на кого, според одлуките на Централната изборна комисија на БиХ и Судот на БиХ, му беше одземен претседателскиот мандат. Претседателот на Бошњачкиот клуб во Советот на народите на РС, Алија Табаковиќ, изјави дека целиот процес е доведен во прашање во самата своја суштина, бидејќи Додик повеќе нема право да ја држи функцијата претседател.
Соединетите Американски Држави се придружија на дебатата дали Словенија треба да му забрани влез на поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, поради конечната пресуда во Босна и Херцеговина, пишува словенечкиот портал „necenzurirano.si“. Неколку извори од меѓународни дипломатски кругови потврдија во последните денови дека Вашингтон се обидува да влијае и врз Словенија во врска со ова прашање.
Најмалку 15 лица загинаа, а 18 други се повредени откако познатиот трамвај Глорија во Лисабон излета од шините и се урна, соопштија службите за итни случаи. Португалските служби за итна медицинска помош соопштија дека петмина од повредените се во сериозна состојба.
Најмалку три лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени кога популарната туристичка атракција во Лисабон, жичарницата Глорија, излета од шините и се урна, соопшти португалската полиција. Шефот на португалската служба за цивилна заштита изјави дека неколку лица се заробени, а девет лица се во сериозна животно загрозувачка состојба.
Доналд Трамп во Вашингтон/Фото: Mandel NGAN / AFP / Profimedia Трамп: Америка го зголемува своето воено присуство во Полска Американскиот претседател Доналд Трамп вчера разговараше со претседателот на Полска, конзервативниот националист Карол Навроцки во Белата куќа. Тој рече дека САД би можеле да го зголемат своето воено присуство во Полска и вети дека ќе се погрижи за одбраната на земјата.
фото МИА Трамп: САД би можеле да го зголемат своето воено присуство во Полска Американскиот претседател Доналд Трамп денес, во разговор со претседателот на Полска, конзервативниот националист Карол Навроцки во Белата куќа, изјави дека САД би можеле да го зголемат своето воено присуство во Полска и ветија дека ќе ја обезбедат одбраната на земјата. Трамп, кој го пречека својот сојузник со прелет на воени авиони, рече дека САД имаат „неверојатен однос со Полска“, пренесува Ројтерс.
Украина дефинитивно ќе добие безбедносни гаранции што ќе бидат резултат на состанокот на Коалицијата на подготвените утре во Париз, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој за време на заедничкиот брифинг со францускиот претседател Емануел Макрон рече дека досега не се видени сигнали од Русија дека сака да ја заврши војната, објави Укринформ.
Францускиот претседател Емануел Макрон/ Фото: Ludovic MARIN / AFP / Profimedia Макрон: Безбедносните гаранции за Украина се подготвени Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека безбедносните гаранции за Украина се подготвени и дека ќе бидат потврдени утре од „коалицијата на добронамерните“, која го поддржува Киев, на состанок во Париз. „Подготвени сме како Европејци да им понудиме безбедносни гаранции на Украина и на украинскиот народ на денот кога ќе се потпише мировниот договор“, рече Макрон, Тој рече дека подготвителната работа за безбедносните гаранции за Украина е завршена.
Унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Визер“ воведува нови пет нови авиолинии до европските метрополи. Од Скопје ќе се лета до Наполи и Будимпешта од март следната година, додека од Охрид граѓаните ќе можат да патуваат до Катовице, Вроцлав и Милано.
Унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Визер“ воведува нови пет нови авиолинии до европските метрополи. Од Скопје ќе се лета до Наполи и Будимпешта од март следната година, додека од Охрид граѓаните ќе можат да патуваат до Катовице, Вроцлав и Милано.
Спомен-куќите на Васил Главинов и Јордан Хаџи Константинов – Џинот се во добра кондиција и денеска сме на увид и правиме напори за нивна адаптација со цел да бидат постојано отворени за посетителите, најави министерот за култура и туризам Зоран Љутков при денешната посета на Велес. Тој воедно ја посети и Спомен куќата на Рацин која е најпосетувана од сите спомен куќи во Велес.
Од: А1он Спомен куќите на Васил Главинов и Јордан Хаџи Константинов – Џинот се во добра кондиција и денеска сме на увид и правиме напори за нивна адаптација со цел да бидат постојано отворени за посетителите, најави министерот за култура и туризам Зоран Љутков при денешната посета на Велес. Тој воедно ја посети и Спомен куќата на Рацин која е најпосетувана од сите спомен куќи во Велес.
Елмас посочи дека влегуваат во пресметката со С. Арабија со максимален фокус и ова ќе биде одлична подготовка и увертира за предизвиците кои следат. „За нас пријателски натпревари не постојат.
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас кој пред неколку дена ја комплетираше позајмицата во Наполи ќе биде дел од двата натпревари на Македонија, утрешниот пријателски против Саудиска Арабија и дуелот со Лихтенштајн три дена подоцна во квалификациите за Светското првенство. Како што порача фудбалерот од средниот ред, иако е пријателски натпревар тие ќе влезат максимално сериозно и на Саудиска Арабија гледаат како на сериозен ривал.
Следете го во ЖИВО соочување на Еурофарм Пелистер и Вардар во Суперкупот на Македонија.
В среда (3 септември) во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра натпреварот од ракометниот Супер Куп 2025 помеѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Вардар 1961. На последниот тренинг пред заминувањето во Кавадарци, своите очекувања за претстојниот дуел ги сподели тренерот на Еурофарм Пелистер, Рубен Гарабаја: – Никогаш не сте целосно подготвени, бидејќи за време на сезоната постојано напредувате и учите.
Фото: Screenshot ВИДЕО: Публиката му правеше проблеми, Ѓоковиќ имаше одговор Новак Ѓоковиќ избори пласман во своето рекордно 53. полуфинале на грен-слем турнирите, откако во четвртфиналето на САД Опен го совлада домашниот миленик и четврти носител, Тејлор Фриц. Србинот славеше со 3:1 во сетови, 6:3, 7:5, 3:6, 6:4 во меч кој не мина без драма, емоции и реакција кон публиката.
Фото: US Open Tennis Championships Ѓоковиќ го доби Фриц и закажа спектакл со Алкараз Новак Ѓоковиќ продолжи со своите игурни настапи по патот кон својата 25. грен-слем титула и јубилејна 100. титула во кариерата, откако во четвртфиналето на САД Опен со 3:1 во сетови го совлада Американецот Тејлор Фриц. Мечот траеше три и пол часа, а српскиот ас уште еднаш покажа зошто е еден од најдобрите на сите времиња.
Од: А1он Актерката Деми Мур беше гостинка во емисијата на Опра Винфри, каде што за првпат отворено проговори за влошената состојба на Брус Вилис и врската на неговата сегашна сопруга, Ема Хеминг, која „маестрално се справува со сите предизвици“. Деми беше во брак со Вилис 13 години и во тој период имаа три ќерки, а по разводот останаа најдобри пријатели и веројатно пример за сите за тоа како треба да изгледа едно семејство без оглед на околностите.
Познато е дека Брус Вилис и Деми Мур останаа блиски дури и по разводот, а актерката е позната по тоа што ја поддржува сегашната сопруга на Вилис, Ема, во овие тешки времиња. Сопругата на Брус Вилис неодамна беше критикувана поради сцојата искреност и целосна транспарентност.