Министерот за внтарешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека е вчудоневиден што не е побарана мерка притвор за поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски кој е недостапен за органите на прогонот, а е осомничен за проневера на 6,5 мил. евра.
Прашан дали МВР го известило Обвинителството оти ексдиректорот на ЕСМ е недостапен за органите на прогонот, министерот Тошковски вели дека институцијата е информирана и усно и писмено, но оти, за жал, јавниот обвинител што го водел предметот во ОЈО ГОКК одлучил дека не треба да бара мерка притвор против ексдиректорот на ЕСМ Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека е вчудовиден што Јавното обвинителство не му одредило притвор, како најстрога мерка од Законот за кривична постапка, на поранешниот директор на „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), Васко Ковачевски, кој е осомничен во случајот „Адитив“.