За јавниот оглас, на социјалните мрежи денеска информирал градоначалникот Бобан Стефковски, кој објавил дека оваа година доделува финансиски средства за поддршка на спортот во висина од 11 милиони денари, што претставува историски најголема финансиска поддршка за спортот во една календарска година.
Како што денеска соопштија од Општина Гази Баба, на јавниот оглас може да учествуваат спортски клубови, спортски здруженија, спортисти во сениорски категории, други правни лица од областа на спортот и организатори на спортски манифестации што се одржуваат во општина Гази Баба, чие што регистрирано седиште односно живеалиште се наоѓа на подрачјето на општина Гази Баба или имаат огранок на подрачјето на општина Гази Баба. Kanal5