1 (131) ■ вести > свет > политика > војна ■ 23-Jun 05:55 -> 25-Jun 05:04
.
.
.
.

Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на Трамп од дното на срцето

  • Трамп е номиниран за Нобелова награда за мир поради ставање крај на војната меѓу Иран и Израел

  • Трамп: Време е за мир!

  • Трамп: Израел и Иран се согласија на апсолутно прекин на огнот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата земја „постигнала историска победа“ во операцијата „Стоечки лав“.

Конгресменот Бади Картер, републиканец од Џорџија, напиша писмо до Комитетот за Нобелова награда за мир, велејќи дека Трамп одиграл „извонредна и историска улога“ во завршувањето на „вооружениот конфликт меѓу Израел и Иран и спречувањето на најголемиот државен спонзор на тероризмот во светот да го добие најсмртоносното оружје на планетата“.

Printscreen / truthsocial.com/@realDonaldTrump Американскиот претседател објави на социјална мрежа дека Иран испукал 14 ракети што сите биле пресретнати или пренасочени.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека е договорено примирје меѓу Израел и Иран.

2 (99) ■ вести > македонија > политика ■ 23-Jun 07:28 -> 25-Jun 04:46
.
.
.
.

Нема големо девијантно однесување со цените на пазарот, го следиме процесот, вели Мицкоски

  • Кузеска: Една година Влада на ВМРО ДПМНЕ - понижени работници со најниски плати во Европа

  • СДСМ: Мицкоски изгубен во сопствените лаги - реалноста е: сиромашни граѓани, нови долгови и економски крах

  • Мицкоски: Верувам во вашиот труд и енергија и способност, но очекувам резултати и посветеност

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема големо девијантно однесување со цените на пазарот.

Прeс на сдсм За една година власт, ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ ја претворија Македонија во земја на понижени работници, посиромашни граѓани и опасно задолжена држава.

Од: А1он „Денешното излагање на Мицкоски е уште една потврда дека тој целосно се загуби помеѓу неговите лаги од една страна, и суровата вистина – реалноста од друга страна.

Без силна, стручна, одговорна и почитувана јавна администрација, нема ниту држава, ниту реформи, ниту вистинска демократија.

3 (61) ■ вести > македонија > политика ■ 23-Jun 07:17 -> 24-Jun 20:15
.
.
.
.

Вајц: Не знам дали Северна Македонија навистина сака да биде членка на ЕУ со спроведување на промените во преговарачката рамка

  • Нов обид на Комитетот за надворешни работи на ЕП за усвојување на Извештајот на Вајц за земјава

  • Извештајот на Вајц утре пред европратениците, Скопје очекува силна порака за македонскиот идентитет и јазик

  • Вајц за БГНЕС: Не знам дали Северна Македонија навистина сака да биде членка на ЕУ, јас сум пријател на Бугарија

Не знам дали Северна Македонија навистина сака да биде членка на ЕУ со спроведување на промените во преговарачката рамка.

Членовите на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент на денешното заседание треба да гласаат за усвојување на Предлог-извештајот за земјава за 2023 и 2024 година подготвен од австрискиот европратеник Томас Вајц.

ФОТО: euproject.xyzКомитетот за надворешни работи на Европскиот парламент утре треба да гласа за Извештајот за напредокот на Македонија на известувачот за земјава Томас Вајц.Извештајот, првично, требаше да биде ставен на гласање на 4 јуни, но беше одложен на барање на Вајц поради притисоците од бугарските европратеници, кои не се согласуваат со тоа што во дoкументот децидно се наведуваат македонскиот јазик и идентитет.

Не знам дали Северна Македонија навистина сака да биде членка на ЕУ со спроведување на промените во преговарачката рамка.

4 (30) ■ вести > македонија ■ 24-Jun 07:08 -> 25-Jun 04:10
.
.
.
.

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ТРГОВИЈАТА, ИНФРАСТРУКТУРА, ИНВЕСТИЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА: Николоски во Париз на средби со колеги и со 10 најголеми компании во Франција

  • Вицепремиерот Николоски од Париз: Очекувам подобрување на економските и политички односи меѓу Македонија и Франција

  • Вицепремиерот Николоски од денеска во работна посета во Франција, во фокусот унапредување на економската и трговска соработка

  • Николоски на средба со 11 најголеми компании во Франција: Македонија ги има наjдобрите услови за инвестирање

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски од денеска е во дводневна работна посета на Франција каде е придвидено да оствари низа економски и политички средби на кои ќе се разговара за унапредување на билатералните односи и економската соработка меѓу двете земји.

Вицеремиерот и миниситер за транспорт Александар Николоски од утрово ги започна средбите со претставници на Владата на Француската Република на кои се разговара за подобрување на севкупните политички и економски односи.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски од денеска е во дводневна работна посета на Франција каде е придвидено да оствари низа економски и политички средби на кои ќе се разговара за унапредување на билатералните односи и економската соработка меѓу двете земји.

Министерство за транспорт Македонија ги има наjдобрите услови за инвестирање, имаме развојни планови за подобрување на железничката и патната мрежа на европските коридори а локациски има стратешка позиција која има големи компаративни предности пред другите земји во регионот, потенцираше вицепремиерот Александар Николоски на средбата во Париз со најголемите 11 компании во Франција.

5 (28) ■ вести > македонија > политика ■ 23-Jun 01:47 -> 25-Jun 00:00
.
.
.
.

Мицевски: Филипче ќе плати политичка цена за обидот за дестабилизација и манипулација на народот

  • Филипче за ТВ 24: Шамарот за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените европски сојузници е дебакал и пораз за дипломатијата и Владата

  • Мицевски: Со молкот Филипче призна, тој стои зад тепачот Акиов од Кочани, не смее да му побара оставка за да не излезе на виделина сè

Филипче да знае, никој нема да заборави дека тепачот Акиов по негов налог направи инцидент во Кочани, рече на денешната прес-конференција Јане Мицевски, пратеник и член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Добро е што се усвои извештајот, но за жал, од друга страна, тоа е тотален дебакл и пораз на нашата дипломатија, потенцираше претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во изјава за Телевизија 24. Филипче во изјавата посочи дека македонскиот јазик е потврден, благодарение на државничките одлуки на Владата на СДСМ.

Со молкот Филипче призна, тој стои зад тепачот Акиов од Кочани, не смее да му побара оставка за да не излезе на виделина сè, рече на прес-конференција пратеникот Јане Мицевски.

7 (24) ■ вести > свет > нато ■ 23-Jun 14:45 -> 24-Jun 21:56
.
.
.
.

Руте: Мора да направиме повеќе, незамисливо е Русија да нè престигне во вооружување

  • Шефот на НАТО до Трамп: Европа ЌЕ ПЛАТИ ГОЛЕМА ЦЕНА, како што и треба

  • Марк Руте: НАТО е тука и за Западен Балкан - безбедносната состојба е драматично променета

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека е незамисливо Русија да го надмине западниот воен сојуз во областа на военото производство, објавува агенцијата dpa и потсетува дека НАТО се подготвува официјално да објави голем скок на трошоците за одбрана.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави снимка од екранот од пораката што ја добил од шефот на НАТО, Марк Руте, на социјалната мрежа Truth Social.

На прес конференција пред почетокот на НАТО Самитот во Хаг, генерален секретар на Алијансата, Марк Руте, оцени дека НАТО се соочува со еден од најпредизвикувачките безбедносни моменти досега, а прашањето дали нестабилноста може да се прелее и на Западен Балкан го нарече „многу добро прашање“.

10 (12) ■ вести > македонија ■ 24-Jun 19:54 -> 25-Jun 04:46
.
.
.
.

Се планира дел од кредитот да биде за ИЗГРАДБА НА ХИДРОЦЕНТРАЛАТА ЧЕБРЕН ГАЛИШТЕ, над 20 години се чека на ова

  • Мицкоски: Со Обединетото Кралство обезбедивме стратешки инвестиции за градба на брза железница, болници, но и разговараме за Чебрен и Галиште

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за МРТВ „Една година Влада“ одговараше на прашања на уредници од националните телевизии на многу прашања од интерес за јавноста и, за прв пат, јавно конкретно спомна и опција за изградба на хидроцентралата Чебрен, во рамки на проектите од кредитот за кој гарантира Велика Британија, проект кој Македонија го чека околу 20 години и кој, за малку, владата на СДСМ и ДУИ ќе го дадеше во рацете на грчки инвеститор во негова сопственост и владениеИстакна дека со договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство се обезбедуваат стратешки инвестиции за идните генерации како што се изградбата на брза железница, болници, но се разговара и за изградба на Чебрен и Галиште кои се од големо значење од повеќе аспекти.„Со пруга каде карго воз ќе движи со просечно 110 километри на час, ќе се зголеми бројот на композиции кои ќе транзитираат, а со проширениот капацитет на пристаништето во Грција и брзата пруга ќе се зголеми и бројот на композиции кои дневно ќе транзитираат.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски истакна дека со договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство се обезбедуваат стратешки инвестиции за идните генерации како што се изградбата на брза железница, болници, но се разговара и за изградба на Чебрен и Галиште кои се од големо значење од повеќе аспекти.

12 (21) ■ вести > македонија > хроника ■ 24-Jun 06:06 -> 24-Jun 20:15
.
.
.
.

Таткото на Васил Јованов не се појави на суд - Обвинителството го преквалификува делото

  • Почнува судењето против таткото на Васил Јованов за „предизвикување општа опасност“

  • Почнува судењето за таткото на Васил Јованов оти му овозможил на синот да вози без дозвола, иако свесен за неговото минато

Зоран Јованов, таткото на осудениот Васил Јованов кој ја прегази младата Фросина Кулакова, не се појави на денешното судско рочиште во Кривичниот суд во Скопје.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да започне судењето против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, кој во јануари годинава, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, удри во пешакот Фросина Кулакова на булевар „Партизански Одреди“, која почина на лице место.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да започне судењето против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, кој во јануари годинава, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, удри во пешакот Фросина Кулакова на булевар „Партизански Одреди“, која почина на лице место.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

54 (7) ■ бизнис > македонија ■ 24-Jun 13:08 -> 24-Jun 18:30
.
.
.
.

Годишно собрание на HELLENiQ ENERGY: Поставени цврсти темели за нова стратешка патека на раст

  • ГРУПАЦИЈАТА ХЕЛЕНИК ПОСТАВИ ЦВРСТИ ТЕМЕЛИ ЗА РАСТ Подготвена е да преземе водечка улога во новата енергетска ера

Групацијата HELLENiQ ENERGY го одржа своето Годишно собрание на акционери за 2025 година, на кое главниот извршен директор, Андреас Сиамисис, даде преглед на изминатата година, при што го истакна успешно завршениот стратешки план – Vision 2025, како и носечките столбови на новата стратешка насока кои ги поставуваат темелите за создавање на долгорочна вредност.

Групацијата HELLENiQ ENERGY го одржа своето Годишно собрание на акционери за 2025 година, на кое главниот извршен директор, Андреас Сиамисис, даде преглед на изминатата година, при што го истакна успешно завршениот стратешки план – Vision 2025, како и носечките столбови на новата стратешка насока кои ги поставуваат темелите за создавање долгорочна вредност.

56 (7) ■ бизнис > економија ■ 24-Jun 12:26 -> 24-Jun 15:07
.
.
.
.

ГРАНТ ЗА ФИРМИ ШТО ЌЕ ВРАБОТАТ НЕВРАБОТЕНИ Нова мерка на Владата за директна помош на компаниите

  • Ристески: Пријавени повеќе од 6.000 лица за самовработување, од вчера објавена мерка за вработување и раст на правните субјекти

ГРАНТ ЗА ФИРМИ ШТО ЌЕ ВРАБОТАТ НЕВРАБОТЕНИ Нова мерка на Владата за директна помош на компаниите Со мерката на претпријатијата им се дава грант за вработување на невработени лица, каде истата се движи од 160.000 до 220.000 денари, во зависност од целната група, а работодавачот е должен да го задржи нововработеното лице на работа од 9 до 15 месеци (во зависност од целната група). Од МИА Објавено 24/06/2025 14:59:33 Фото: Принтскрин Информативни денови за мерките од Оперативниот план за вработување за 2025 година денеска се одржаа во Радовиш и во Гевгелија.

Министерство за економија и труд Информативни денови за мерките од Оперативниот план за вработување за 2025 година денеска се одржаа во Радовиш и Гевгелија.

165 (6) ■ сцена > култура ■ 23-Jun 12:43 -> 24-Jun 15:44
.
.
.
.

„Центарска симфонија“ - в сабота концерт на отворено со филмска музика, Тарабунов е специјален гостин

  • Почнува седмото издание на филмската ревија „Златна рамка“

Од 26. до 28. јуни, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ), ќе се одржи седмото издание на „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ). Тридневната ревија ќе понуди богата програма од најновите македонски кратки, документарни и долгометражни филмови, а влезот за сите проекции е бесплатен.

Од 26. до 28. јуни, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ), ќе се одржи седмото издание на „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ). Тридневната ревија ќе понуди богата програма од најновите македонски кратки, документарни и долгометражни филмови, а влезот за сите проекции е бесплатен.