Институтот за јавно здравје информираше дека претходниот месец евидентирани се 366 лица со овчи сипаници и 68 случаи на шуга и три на заразни заушки, „Во текот на февруари 2025 година, во Република Северна Македонија, пријавени сe вкупно 746 заболени лица од акутни заразни заболувања – без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ, со вкупна инциденца од 40,6 на 100.000 жители.
Во февруари евидентирани се 366 лица со овчи сипаници, 68 случаи на шуга и три на заразни заушки, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен денеска.