Јас само укажувам дека секој е должен да го почитува Уставот, додаде тој.
Претседателот на Уставен суд, исто така, се осврна на прашањето за интерпелациите за членовите на Судскиот совет, истакнувајќи дека правото на законодавецот да нормира е неспорно, но должност на законодавецот е да го почитува Уставот. Denesen
Тој нагласи дека „постојат дилеми и за постапувањето на Собранието, но јас секогаш велам, не е толку тешко да се толкува Уставот, уставните гаранции за независноста на судскиот совет се многу важни гаранции“.
На брифингот со новинарите Дарко Костадиновски денеска зборуваше и за со најавите на ДУИ дека ќе поднесе интерпелации за целиот состав на Уставен суд. Nezavisen